На 20.10.2023 година се одржа шестата по ред меѓународна научна конференција „Кон подобра иднина: Мир, правда и силни институции“.
На отворањето на истата, свои обраќања имаа Проректорот за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Горан Илиќ; и Деканката на Правниот факултет, проф. д-р Светлана Вељановска.
На пленарната сесија, свои излагања имаа проф. д-р Миомира Костиќ од Правниот факултет во Ниш, Република Србија; проф. д-р Емилија Алавердов, од Грузискиот технички универзитет во Тбилиси, Грузија; и доц. д-р Бреда Мулец од Факултетот за државни и европски студии во Љубљана, Словенија.