Во рамки на проектот АНЕТРЕЦ „Академска мрежа за поддршка на политиките на ЕУ кон Западен Балкан со акцент на регионалната соработка базирана на помирување„ во период од 04.09.20222 до 11.09.2022 година, во Битола се одржа Летна школа на која учество зедоа студенти и професори од 10 универзитети и истражувачки институции од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија. Целта на оваа школа беше младите луѓе да ги споделат своите искуства, знаења, идеи за прашања поврзани со процесот на помирување како еден од предусловите за ефикасна реализација на политиките на ЕУ кон Западен Балкан, како и за задржување на мирот , стабилноста и напредокот во регионот.