На 26.04.2022 година (вторник) во просториите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Правниот факултет и Комисијата. Со Меморандумот кој го потпишаа деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ и претседателот на Комисијата, Кире Василев, ја формализиравме нашата соработка која во иднина ќе вклучува заеднички настани, предавања, практична работа за нашите студенти. На ваков начин, нашата институција уште еднаш ја потврдува својата позиција на отвореност и желба за соработка со државните институции.