На 27.03.2023 година, Правниот факултет и Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association потпишаа Меморандум за соработка. Со овој Меморандум се отвора можноста за соработка во заеднички проекти, практична настава за нашите студенти, организација на заеднички панел дискусии, обуки и други настани. Уште еднаш како Правен факултет потврдивме дека сме доследни во нашата мисија заеднички со сите општествени чинители да работиме на детекција, анализа и барање решенија на есенцијалните проблеми на општествената заедница.