Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски и деканот на Правниот факултет  при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола, проф. Д-р Горан Илиќ,  потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на долгорочна научно-стручна, образовна и апликативна соработка.
Со овој Меморандум за соработка, двете институции се договорија да соработуваат во спроведување и реализација на разни едукативни процеси преку ангажирање на експерти од практиката за реализација на клиничка (стручно-практична) настава, организирање и реализација на практична настава за студентите и учениците во зависност од расположивите можности, консултации и експертизи, вклучување експерти во исполнувањето на теоретските содржини на студиските програми, воспоставување на контакти и презентација на договорените страни пред домашни и странски субјекти, и организирање на тркалезни маси и размена на искуства на разни панели, трибини и дискусии.