На ден 29.03.2023 година Правниот факултет-Кичево и Организацијата на потрошувачите на Битола склучија Меморандум за долгорочна стручна, образовна и апликативна соработка од областа на потрошувачкото право и заштитата на потрошувачите.
Во идниот период се планира соработка во организирање и реализација на практична настава за студентите во регионалната канцеларија на Организацијата на потрошувачите на Битола, организирање на тркалезни маси и размена на искуства на панели, трибини и тркалезни маси, соработка во презентација на законската регулатива пред инспекциските служби, трговците, граѓаните и останатите заинтересирани страни од регионот, како и вклучување експерти од ОПМ во исполнувањето на теоретските содржини на студиските програми на Правниот факултет.
Соработката беше реализирана на иницијатива на Центарот за професионални обуки и кариерен развој на Правен факултет Кичево.