На 08.06.2022 година на Правниот факултет (Битола), деканот, проф. д-р Горан Илиќ и директорот на СН Финансии Битола, г-дин Никола Јошевски, потпишаа Меморандум за соработка.
Со овој Меморандум, се отвораат уште поголеми можности за практична настава на нашите студенти, стипендирање, учество на стручни лица во текот на наставата на факултетот, поддршка на нашите научни настани и слични облици на взаемна соработка.