На 19.05.2022 година, во посета на Правниот факултет (Битола) беше Народниот правобранител, г-дин Насер Зибери, заедно со неговата заменичка, г-ѓа Лилјана Илиевска, како и други гости од неговата канцеларија. За време на посетата, Народниот правобранител одржа предавање за студентите и професорите за неговите надлежности, но и неговата важност и клучна улога како заштитник на правата на граѓаните. Неговото предавање предизвика голем интерес што го покажа и големиот број прашања упатени од нашите студенти и професори, како и долгата дискусија по истите.
По завршувањето на предавањето, деканот на Правниот факултет, проф. д-р Горан Илиќ и Народниот правобранител, г-дин Насер Зибери, потпишаа Меморандум за соработка на двете институции. Преку Меморандумот за соработка, двете институции ќе бидат меѓусебно вклучени во развојот и заштитата на човековите права преку истражувања, експертски анализи, практична работа и многу други активности. На ваков начин, уште еднаш Правниот факултет ја потврди својата насока на развој како високообразовна установа која е отворена за соработка со сите државни институции што би резултирало со поквалитетна теоретска и практична настава за нашите студенти, како и подобри услови за научна работа на наставниот кадар.