На просторот на Западен Балкан се одвиваат реформски процеси кои имаат за цел да воспостават независно,ефикасно и одговорно правосудство.Во организација на Форумот на судии од Србија од 27 до 29 август  во Јастребац, Република Србија се одржа Регионална тркалезна маса на тема „Правосудството на просторот на Западан Балкан – предизвици и перспективи“. На неа учествуваше проф д-р Светлана Вељановска која имаше забележително излагање во панел-дискусијата  на тема: Избор и напредување на судиите.
Цел на овој регионален собир е преку дискусија на репрезентативни панелисти да се анализира сегашната состојба на Судските совети и судиите во регионот и да се согледат можните нормативни решенија во поглед на положбата, улогата и составот на Судскиот совет, начинот на избор и напредување на судиите и организација на судската власт.