На 29.04.2022 (петок) со посредство на Амбасадата на САД, на Правниот факултет (Битола) гостин беше Фулбрајт стипендистот, г-дин Џејмс Лофтон. Тој за студентите одржа предавање “Американскиот политички и судски систем”. Покрај студенти, на предавањето беа присутни и професори од факултетот, како и г-динот Газменд Иљази од Амбасадата на САД во Северна Македонија.