На 10.06.2020 година (среда) во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржаа шестите по ред Корона дијалози на тема: „Криминолошките и криминалистички влијанија од глобалната пандемија“ на која говореа професорот Горазд Мешко од Универзитетот во Марибор, професорот Крунослав Боровец од Високата полициска школа во Загреб, професорот Неџад Корајлиќ од Универзитетот во Сараево, професорката Весна Стефановска од Факултетот за безбедност во Скопје, додека од Правниот факултет говореше професорката Ангелина Станојоска, која ги анализираше објавените индикатори за кривични дела во периодот на рестриктивни мерки. Потоа, од криминолошки аспект, се задржа на одредени типови криминално однесување со конкретни примери, пред се кривичните дела од омраза и како поизразени ги посочи нападите насочени кон лица со азијатско потекло и стигматизацијата кон лицата кои се позитивни на коронавирусот.