Центар за научноистражувачка работа

Центарот за научноистражувачка работа е формиран во септември 2017 година. Тој е посебна организациска единица на Правниот факултет и функционира како потсистем на системот за научноистражувачка работа на УКЛО.
Центарот има за цел да ја поттикне научноистражувачката работа (преку зголемување на бројот на објавени научни трудови во релевантни меѓународни научни списанија од висок и од највисок ранг) и компетитивноста на наставно-научниот кадар на Факултетот.

 

Центарот ги спроведува следниве активности:
1. Извршува дел од работите поврзани со издавачката дејност на Факултетот.
2. Споделува информации за научни конференции од интерес на наставно-научниот кадар на Факултетот.
3. Споделува информации и создава сопствена база на списанија кои котираат во рзличните релавантни меѓународни бази.
4. Организира интерни научни средби каде се презентираат научни трудови кои се во фаза на изработка и/или се објавени во меѓународни научни списанија и меѓународни научни конференции.
5. Организира работилници за академско пишување и за размена на искуства меѓу наставно-научниот кадар на Факултетот.

 

СИСТЕМ НА САНКЦИИ И НИВНО ИЗВРШУВАЊЕ ВО РСМ

СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО РСМ

 

Раководител на Центарот за научноистражувачка работа

Проф. д-р Димитар Ефтимоски

e-mail: dimitar.eftimoski@uklo.edu.mk

 

Секретар на Центарот за научноистражувачка работа

Проф. д-р Елена Темелковска Аневска

e-mail: elena.temelkovska@uklo.edu.mk