Erasmus + посета од Полска
На 09.12.2021 дисперзираните студии во Битола на Правниот факултет – Кичево ги посетија нашите долгогодишни пријатели и соработници д-р Kamil Zajączkowski (Директор на Центарот за Европа при Универзитетот во Варшава, Полска); д-р Tomasz Stępniewski (Заменик-директор на Институтот на Централна Европа при Католичкиот Универзитет во Лублин, Полска); д-р Małgorzata Pacek (Центар за Европа при Универзитетот во Варшава, Полска) и  д-р Artur Adamczyk (Главен уредник на реномираното меѓународно научно списание “Studia Europejskie – Studies in European Affairs” во како издание на Центарот за Европа при Универзитетот во Варшава, Полска). Со посетата на нашиот Факултет и серијата на остварени активности, уште еднаш се потврди блискоста и одличната соработка на Правниот факултет со Центарот за Европа и Институтот за Централна Европа од Полска.