Почитувани студенти
Проф д-р Светлана Вељановска го одржа првиот академски час во новата академска 2020 /2021 година на Правниот факултет Кичево. Таа им посака искрено добредојде и им ги додели индексите и договорите за студирање на новите бруцоши.
Вељановска им порача дека без разлика на фактот дека најголем дел од времето ќе го поминат дома покрај компјутерите во следење на наставата сепак редовното учење треба да им е приоритет за да можат успешно да ги стекнат познавањата од правото и да бидат квалитетен кадар на пазарот на трудот во Земјата и надвор од неа.
,, И најдолгиот пат почнува со првиот чекор. За вас тоа нека биде овој денешен настан со кој што вие станувате дел од академската средина на нашиот град, на нашата земја и секаде онаму каде што ќе се најдете во вашиот животен и работен простор,,им порача проф Вељановска .