First Cycle

Студиската програма по правни студии за прв циклус академски студии на Правен факултет – Кичево (Битола и Струга), има за цел да профилира кадри кои во согласност со концептот на модерното академско образование за непосредно поврзување на теоријата и практиката, се стекнуваат со знаења и вештини за работење во сферата на правосудството, адвокатурата и нотаријатот, извршната и законодавната власт, за работење во политичките институции, за работење во претпријатијата и компаниите, како и во многу други национални, регионални и меѓународни асоцијации и организации итн.

Како една од најважните цели на оваа студиска програма, се појавува потребата за оспособување на кандидатите во областа на правото, како во поглед на апликативноста, така и во поглед на нивните научно – истражувачки и теоретски потенцијали и креативност.Основна цел на студиската програма е продлабочување, проширување и подигање на нивото на студентските знаења во рамки на дисциплините вклучени во неа. Во рамките на овој циклус, студентите имаат можност да се запознаат со: основните и специфичните процеси, односи, институции и актери во правните односи, позиционираноста и форматот на правните субјекти, категоризацијата и спецификите на современите правни системи итн.

Освен тоа, програмата цели кон тоа да обезбеди цврсти, критички и систематски сознанија за институциите и суштествените правни феномени и појави во Р. Македонија, да обезбеди основни сознанија за концепциите, основните принципи на правото и правниот систем на Р. Македонија и за начинот на неговото функционирање на меѓународен план, да развие свесна критика на правото во споредбен, историски, општествено-економски и во политички контекст и да им претстави на студентите редица различни теоретски достигнувања поврзани со правото како такво, да им понуди редица опции кои ќе им овозможуваат на студентите да студираат специфични полиња на правото, да развиваат сопствени критички, аналитички, функционални, споредбени способности и способности за решавање на проблемите кои можат да се применуваат во различни позитивно – правни и реално – апликативни рамки, да даде можност за развој на интер – персоналната и професионална комуникација, значењето на научното истражување и други значајни способности потребни за вработување на дипломираните правници во правосудството, во други соодветни институции како и нивно активно вклучување во наставно – научниот и научно – истражувачкиот процес

https://drive.google.com/file/d/1c5yL3B-031oxIu3IIEVbvremAeHssGO3/view