ПОВИК

За учество во работата на ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ИКТ ПОДГОТОВКА НА ПРАВНИЦИ за академската 2022/2023

Рокот за пријавување е до 11.11.2022.

 

За работата на одделението за ИКТ подготовка на правници може да се пријави СЕКОЈ студент на прв и втор циклус на студии.

 

Доколку сакате подобро да се запознаете со примена на информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во правната сфера и како подобро да го организирате вашето време и податоци, како безбедно да ги користите ИКТ во вашиот професионален и приватен домен, кои алатки и услуги се дигитално достапни за извршување на правната професија, пријавете се за учество во работата на ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ИКТ ПОДГОТОВКА НА ПРАВНИЦИ за академската 2022/2023.

 

Право на учество има секој студент од студиите на прв или на втор циклус на студии;
Во работата на ИКТ одделението ќе учествуваат најмногу 15 студенти/ки.
После успешно учество во ИКТ одделението студентите ќе добијат сертификат.

 

Пријавувањето за учество во работата на ИКТ одделението е на следната е-маил адреса: blagoj.nenovski@uklo.edu.mk

 

Пријавувањето е заклучно со 11.11.2022

 

 

Координатор на одделението за ИКТ подготовка на правници
Доц.д-р Благој Неновски