СООПШТЕНИЈА:



МПП, АРБ и АНРС – термин за испит
25.05.2023
Испитите по поредметите МПП, Арбитражно право и Алтернативни начини на решавање на споровите кај проф. д-р Мирјана Ристовска, во јунска испитна сесија ќе се одржат на 09.06.2023 (петок) во 10:00 часот.

Политички систем  – термин за прв поправен колоквиум
18.05.2023
Првиот поправен колоквиум по предметот Политички систем  за студентите на дисперзираните студии во Битола ќе се одржи на ден 07.06.2023 (среда) во 10 часот


Меѓународно право за правата на човекот – термин за прв поправен колоквиум

12.05.2023
Првиот поправен колоквиум по предметот Меѓународно право за правата на човекот ќе се одржи на ден 17.05.2023(среда) во 14 часот. Студентите кои ќе полагаат поправен колоквиум да се пријават на е-маил кај предметната професорка. Поправен колоквиум имаат право да полагаат само студентите кои не го положија првиот колоквиум.

СООПШТЕНИЕ
11.05.2023

Се известуваат студентите на прв циклус на студии дека пријавувањето на испити за јунска испитна сесија ќе се реализира во периодот од 22-26 Мај 2023 година.

ПРАВО НА ОСИГУРУВАЊЕ-ПРВ ПОПРАВЕН КОЛОКВИУМ
06.05.2023

Прв поправен колоквиум по предметот Право на осигурување ќе се одржи на 08.05.2023 г. во 10.00 часот

Казнено право – термин за прв поправен колоквиум
03.05.2023

Поправниот колоквиум по предметот Казнено право во Кичево ќе се одржи на 05.05.2023 г. со почеток во 9:00 ч.

Граѓанско и стварно право и Наследно право – термин за прв поправен колоквиум
29.04.2023

Поправниот колоквиум по предметот Граѓанско и стварно право и Наследно право во Кичево ќе се одржи на 02.05.2023 г. со почеток во 11:00 ч.


Пенологија – термин за прв поправен колоквиум
29.04.2023

Се известуваат студентите на прв циклус студии дека терминот за првиот поправен колоквиум по Пенологија е 08.05.2023 година (понеделник) во 13 часот.

Соопштение
24.04.2023
Се известуваат студентите кои немаат платено за издавање на Диплома за завршен прв циклус студии, најдоцна до 03.05. да извршат уплата кај референтот кој го водел нивното досие. На денот на доделување нема да може да се уплати и подигне истовремено дипломата.


Свечено доделување на дипломи
24.04.2023
Се известуваат студентите на Правен фалултет Кичево дека свечената промоција на дипломирани студенти ќе се одржи на ден 05.05.2023 г во 12 часот.
Список на студенти за доделување Дипломи


Пенологија – термин за прв колоквиум
02.04.2023
Се известуваат студентите дека првиот колоквиум по Пенологија ќе се одржи на 11.04.2023 година (вторник) во Битола, со почеток во 10:00 часот.


Пријавување на испити во Априлска вонредна сесија
28.03.2023
Се известуваат студентите на прв циклус на студии дека пријавување на испити за априлска сесија ќе се реализира во периодот од 3-5 Април 2023 година, пријавувањето без индекс и без  листовите за евиденција на пријавени испити нема да може да се заврши


Конкурс за заменик студентски правобранител
09.03.2023

Заменскиот студентски правобранител постапува по поднесокот од стана на студент и по сопствена иницијатива доколку увидел дека е прекршено право на студент од стана на органите на Факултетот или друг член на академската заедници на Факултетот. Органите на Факултетот се должни да постапат по укажувањата на заменикот студентски правобранител.

Се распишува конкурс за избор на заменик студентски правобранител . Информации за конкурсот


Еразмус + инфо денови
28.02.2023

Се известуваат студентите дека УКЛО во координација со факултетските Еразмус + координатори, УСС и ФСС на факултетите, организира Еразмус + инфо денови. Ве покануваме сите на инфо деновите кои ќе се одржат на нашиот факултет за да можете дополнително да се информирате за можностите што ги нуди Еразмус + програмата.
– за студентите од Струга – 08.03.2023 година во 11 часот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид;
– за студентите од Кичево – 10.03.2023 година во 11 часот на Правен (Кичево);
– за студентите од Битола – 13.03.2023 година во 12:30 часот на Правен (Битола).

IUS FORUM со Кол Радович
26.02.2023
Се информираат студентите дека во рамките на соработката на Правниот факултет со Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, ве покануваме на предавањето на г-динот Кол Радович (резиденцијален правен советник) во Амбасадата.
Предавањето е на тема “Drug and Narcotic Trafficking” и истото ќе се одржи на 01.03.2023 година (среда) со почеток во 11 часот, во амфитеатарот (училница бр.3) во просториите на Правниот факултет во Битола.


Kонсултативна средба по сите предмети кај проф. Светлана Вељановска
26.02.2023

Се известуваат студентите дека оценки во индекс (од февруарската сесија ) по сите предмети кај Проф д-р Светлана Вељановска ќе се внесуваат во следните термини
Битола  понеделник 27.02.203    12 00 часот
Кичево  вторник  28.02.2023   10 30 часот

Меѓународна економија – консултативна средба
22.02.2023
Внесување на оценки кај Вон. проф д-р Елизабета Тошева и консултатитна средба со студентите кои го слушаат предметот Меѓународна економија ќе се одржи во четврток 23.02. во просториите на факултетот со почеток во 10 часот.


Алтернативни начини на решавање на спорови –  Комисиско полагање
13.02.2023
Му се соопштува на студентот со број на индекс 939 дека комисиското полагање по предметот ,,Алтернативни начини на решавање на спорови” во рамките на Февруарската испитна сесија ќе се одржи на ден 20.02.2023 година (Понеделник ) со почеток во 12:00 на Правниот факултет – Кичево.


Граѓанско процесно право –  Комисиско полагање
13.02.2023
Му се соопштува на студентот со број на индекс 939 дека комисиското полагање по предметот ,,Граѓанско процесно право” во рамките на Февруарската испитна сесија ќе се одржи на ден 20.02.2023 година (Понеделник ) со почеток во 11:00 на Правниот факултет – Кичево.


Облигационо право – термин за предавање
13.02.2023
Студентите од Втора година на Правниот факултет во Кичево кои следат настава по предметот Облигационо право ќе имаат средба со професорот на ден 17.02 ( петок ) со почеток во 11 часот , заради договор за натамошни активности.


Казнено право –  термин за предавање
12.02.2023

Им се соопштува на студентите од прва година дека првото предавање по предметот Казнено право ќе се одржи со физичко присуство на ден 13.02.2023(понеделник) со почеток во 11ч на Правен факултет-Кичево.


Соопштение
08.02.2023

Се задолжуваат студентите на прв циклус студии  најдоцна до петок (10 .02.) да испратат свои е-маил адреси на предметните професори кај кои ќе следат предавања во летниот семестар (во согласност со објавениот распоред за предавања)

од Деканатската управа

Соопштение за прв циклус во Кичево за одлагање на испити
08.02.2023

Испитите закажани на 10.02.2023 година во11:00 часот кај проф. д-р Мирјана Ристовска ќе се одложат и истите ќе се одржат на 16.02.2023 во 10:30 часот.

Цивилно општество  и  Локална самоуправа –  термин за испит
08.02.2023

Почитувани колеги, испитите по предметот “Цивилно општество” и предавањата и испитите по предметот “Локална самоуправа” ќе се реализираат по следниот редослед:

16.02.2023 ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ВО КИЧЕВО
– 10:30ч ИСПИТИ по предметите ЛОКАЛНА САМОУПРАВА и ЦИВИЛНО ОПШТЕСТВО

– 11:00ч ПРЕДАВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТОТ ЛОКАЛНА САМОУПРАВА (со физичко присуство)

Со почит,
доц.д-р Иле Масалковски

Повик за учество во клубот „Титус Флавиус Орестес“
02.02.2023

Ги повикуваме сите заинтересирани студенти да се пријават за учество во клубот “Titus Flavius Orestes” и на moot court натпревари за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Клубот „Titus Flavius Orestes” ќе го претставува факултетот на FUTURA moot court натпревар кој ќе се одржи во втората половина на 2023 година, но и на pre-moot court натпревари во текот на пролетта 2023 година.
Право на пријавување имаат студенти од минимум втора година на прв циклус студии, како и студенти запишани на втор циклус студии.
Пријавувањето на студенти е до 10.02.2023 година (23:59 часот), со испраќање CV на e-mail: angelina.stanojoska@uklo.edu.mk
Избраните студенти ќе бидат информирани најдоцна до 13.02.2023 година и ќе биде закажана прва средба.

Повик за мобилности во Еразмус + Програмата
02.02.2023

Објавен е Повикот за аплицирање за мобилност во рамките на Е+ Програмата во академската 2023/2024 година, за студенти и за наставен кадар.

Истиот е достапен на следниот линк: https://uklo.edu.mk/blog/povik-erasmus-2022/

За сите информации студентите и наставниот кадар да се обратат кај Еразмус + координаторката, вон.проф. д-р Ангелина Станојоска на angelina.stanojoska@uklo.edu.mk

СООПШТЕНИЕ
02.02.2023

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ПРИ ИЗВРШУВАЊЕТО НА СИТЕ АДМИНИСТРАТИВНИ ОБВРСКИ(пријавување испити,упис и заверка на семестар,издавање потврди и сл.) ВО СЛУЖБИТЕ ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е ДА ПРИЛОЖАТ ИНДЕКС. ВО СПРОТИВНО НЕМА ДА МОЖАТ ДА ГИ ЗАВРШАТ СВОИТЕ ОБВРСКИ.


СООПШТЕНИЕ
26.01.2023
Се известуваат студентите од II, III и IV година, Прв циклус на додипломски студии дека заверката на летен семестар ќе се реализира во периодот од 01.03.2023 до 03.03.2023 година.


СООПШТЕНИЕ
26.01.2023
Се известуваат студентите од II, III и IV година, Прв циклус на додипломски студии дека заверката на летен семестар ќе се реализира во периодот од 01.03.2023 до 03.03.2023 година.


СООПШТЕНИЕ
26.01.2023

СООПШТЕНИЕ

СТУДЕНТИТЕ НА ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА СЛЕДАТ ПРАКТИЧНА НАСТАВА КОЈА ИМ НОСИ ВКУПНО 2 КРЕДИТИ.

СТУДЕНТИТЕ КОИ БИ САКАЛЕ ДА СЛЕДАТ ПРАКТИЧНА НАСТАВА ПОД ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТЕТОТ ДА СЕ ПРИЈАВАТ КАЈ РЕФЕРЕНТОТ ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА НАДОЦНА ДО 01.04.2023 ГОДИНА.

СТУДЕНТИТЕ КОИ СЕ ВО МОЖНОСТ САМОСТОЈНО ДА СИ ОБЕЗБЕДАТ ПРАКТИЧНА НАСТАВА КАЈ АДВОКАТ, НОТАР, ИЗВРШИТЕЛ ИЛИ НА ДРУГО МЕСТО СООДВЕТНО НА ПРАВНИЧКАТА ПРОФЕСИЈА, ПОТВРДА ЗА ПРАКСА МОЖЕ ДА ПОДИГНАТ ОД РЕФЕРЕНТОТ ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА, А ПОПОЛНЕТАТА И ЗАВЕРЕНА ПОТВРДА  ДА ЈА ДОСТАВАТ ПРИ ЗАВЕРУВАЊЕТО НА СЕМЕСТАР.

БЕЗ ПОТВРДА ЗА ПРАКТИЧНА НАСТАВА СТУДЕНТИТЕ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ГО ЗАПИШАТ СЛЕДНИОТ СЕМЕСТАР!


СООПШТЕНИЕ
26.01.2023

СООПШТЕНИЕ
Се известуваат студентите дека донесени се измени на Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Имено, членот 42 се менува и гласи:

„Во рамките на континуираното оценување студентот полага два колоквиуми.
Студентот го полага првиот колоквиум во осмата недела (прва колоквиумска недела) од семестарот во којшто се реализира предметната програма. Доколку студентот го полагал, но не го положил првиот колоквиум во првата колоквиумска недела, истиот може да го полага уште еднаш на поправен колоквиум. Поправниот колоквиум се организира во термин договорен помеѓу наставникот и студентите, најдоцна до почетокот на втората колоквиумска недела.
 Доколку студентот не го положи првиот колоквиум, предметната програма ја полага во испитна сесија преку полагање завршен испит.
Студентот има право да полага втор колоквиум во петнаесеттата недела (втора колоквиумска недела) од семестарот во којшто се реализира предметната програма, доколку го има положено првиот колоквиум.  Доколку студентот го полагал, но не го положил вториот колоквиум во втората колоквиумска недела, истиот може да го полага уште еднаш и тоа во првиот нареден испитен рок.
 Доколку студентот не го положи вториот колоквиум, предметната програма ја полага во испитна сесија преку полагање завршен испит.
За успешно полагање на предметната програма се смета успешно полагање на двата колоквиуми или успешно полагање на испитот.“

 Правилникот е објавен и е со важност од 30.12.2022 година и истиот може да го најдете и на линкот

ИЗВЕСТУВАЊЕ
18.01.2023
Се известуваат сите АКТИВНИ студенти на прв, втор и трет циклус студии дека имаат обврска ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ја пополнат студентската анкета преку Iknow .системот.
За помош може да се искористи упатството дедено на следниот линк: https://pfk.uklo.edu.mk/studenti/upatstvo-anketa/
Анкетирањето е анонимно и задолжително!