Студиската програма по “Политички науки и дипломатија” на прв циклус академски студии, има за цел да профилира кадри во согласност со концептот на модерното академско образование преку непосредно поврзување на теоријата и практиката од областа на политичките науки и дипломатијата. Со успешното завршување на оваа студиска програма, студентите ќе стекнат теоретски знаења и разбирања за важноста на политичките процеси преку компаративен пристап. Ќе можат активно да партиципираат во различни нивоа на политичкиот систем како и да даваат свои видувања за политичките проблеми. Студентите ќе можат да ги вреднуваат политичките тенденции во општествово и државата, да имаат свои ставови, видувања и активно да партиципираат во евроинтеграциските процеси. Исто така студентите ќе можат да преземаат иницијативи за идентификување и адресирање на потребите на државните институции и јавната администрација, за работење во институциите на политичкиот систем и пошироко, како и во многу други национални, регионални и меѓународни асоцијации и организации итн.
Како една од најважните цели на оваа студиска програма е оспособувањето на студентите во областа на политичките науки, дипломатијата, меѓународното право, меѓународните односи како во поглед на апликативноста, така и во поглед на нивните научно-истражувачки и теоретски потенцијали. Исто така, студиската програма цели кон обезбедување на знаење кои ќе им овозможи на студентите да проникнат во специфични полиња од областа на политичките науки и дипломатијата, да развиваат сопствени критички, аналитички, функционални, споредбени способности и способности за решавање на проблемите кои можат да се применуваат во различни политички и реално-апликативни рамки, да даде можност за развој на интер-персоналната и професионална комуникација, да ги запознае со основите на научното истражување, како и со други способности потребни за вработување на дипломираните студенти во соодветни институции и нивно активно вклучување во наставно-научниот и научно-истражувачкиот процес.
По завршувањето на студиската програма, студентите се стекнуваат со академски назив: Дипломиран по политички науки и дипломатија (на англиски јазик: BA in Political Science and Diplomacy)
Елаборат – Прв циклус четиригодишни студии -Политички науки и дипломатија