ПРВ ЦИКЛУС
Основи на економија
Применета економија
ВТОР ЦИКЛУС
Економски развој
Методологија на општествените истражувања
ТРЕТ ЦИКЛУС
Методологија на општествените истражувања
Google Scholar: https://scholar.google.com/citations?user=lcpoC0AAAAAJ&hl=en
ResearchGate: https://www.researchgate.net/profile/Dimitar-Eftimoski
ORCID: https://orcid.org/0000-0001-8199-688X
Професорот Димитар Ефтимоски е доктор на економски науки од областа на макроекономската и развојната теорија. Од 2010 година е редовен професор по економска теорија и економски развој. Има реализирано студиски престои во Словенија, Словачка, Австрија и Велика Британија, а учествувал и на повеќе домашни и меѓународни научни конференции и проекти. На додипломските студии ги предава предметите Основи на
економија и Применета економија, додека на последипломските и на докторските студии ги предава предметите Економски развој и Методологија на општествените истражувања. Неговите трудови можат да се најдат во следниве референтни меѓународни научни списанија: The International Journal of Emerging Markets, Applied Economics Letters, Empirica, Economic Analysis and Policy, Jahrbücher für Nationalökonomie und Statistik, Romanian Journal of Economic Forecasting, Economic Research, Economics and Culture, and Journal of Competitiveness. Професорот Ефтимоски предавал Економија (на додипломските и/или на постдипломските студии) на повеќе високообразовни институции во Македонија: на Факултетот за бизнис економија – Скопје, на Економскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев – Штип, на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола, на Економскиот факултет – Прилеп, на Факултет за безбедност – Скопје, на Економскиот факултет при Европскиот универзитет – Скопје и на Економскиот институт при Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопјe. Во 2019 година, за време на неговиот престој на Факултетот за администрација на Универзитетот во Љубљана, тој одржа свои предавања за врската меѓу економскиот раст и квалитетот на живот. Бил ангажиран како консултант/истражувач на Светската банка, УНИЦЕФ, УНДП, Германската техничка помош (ГТЗ), Државната комисија за спречување на корупција, Министерството за локална самоуправа, Министерството за животна средина и Министерството за финансии на Република С. Македонија. Во два мандата бил продекан на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи и член на Сенатот при Универзитетот Св. Климент Охридски. Професорот Ефтимоски е член на Американската економска асоцијација (АЕА): Нешвил, Тенеси. Тој е автор на повеќе книги и учебници, меѓу кои се издвојува учебникот „Економски раст“.