I циклус (додипломски) студии:
1. Политички систем и право на ЕУ.
2. Уставно право.
3. Конституционализам и ЕУ.
II циклус (постдипломски) студии:
1. Правда и внатрешни работи на ЕУ.
2. Институции на Европската Унија.
III циклус (докторски) студии:
1. ЕУ во меѓународните односи.
2. Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
3. Современи политички системи.
Д-р Горан Илиќ е редовен професор на Правниот факултет – Кичево и Проректор за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Од 2012 до 2016 година ја извршувал функцијата сенатор во Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а од 2013 до 2017 година ја извршувал функцијата Продекан за наука и меѓународна соработка на Правниот факултет – Кичево. Во 2017 година проф. д-р Горан Илиќ бил избран за Декан на Правниот факултет – Кичево по прв пат, додека на 15 јануари 2021 година бил повторно избран за Декан на Правниот факултет – Кичево за мандатниот период 2021-2024 година.
Научниот интерес на Проф. д-р Горан Илиќ опфаќа: политика и право на ЕУ, човекови права и слободи, европски федерализам, меѓународни односи, дигитален конституционализам итн. Тој е автор на книгите: „Европа на крстопат: Лисабонскиот договор како темел на надворешно-политичката моќ на ЕУ“, „ЕУтопија: надворешно- политичката моќ на ЕУ во идееологизацијата на пост-американскиот свет“ и „ЕУ во меѓународните односи: вредностите пред моќта”. Во своето досегашно научно работење, Проф. д-р Горан Илиќ објавил голем број на научни трудови објавени во референтни меѓународни научни публикации, како и учествувал на голем број научни конференции и симпозиуми во земјата и странство. Меѓудругото, проф. д-р Горан Илиќ е акредитиран ментор на трет циклус студии на студиската програма по „Меѓународно право и меѓународна политика”.
Проф. д-р Горан Илиќ е предавач на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” – Скопје. Од октомври 2019 година, Проф. д-р Горан Илиќ е вклучен како експерт во проектот ANETREC, кој е фокусиран на развојот на академската соработка и пост- конфликтното помирување во регионот на Западен Балкан. Од септември 2020 година, Проф. д-р Горан Илиќ започнува со постдокторски студии по „Нови технологии и право” во организација на Медитеранеа Меѓународниот центар за истражување на човекови права при Универзитетот Реџо Калабрија во Италија, кои со успех ги завршил во 2021 година. Од август 2021 година, Проф. д-р Горан Илиќ е избран за координатор за областа „Меѓународно јавно право” на споменатите постдокторски студии. Исто така, во 2021 година, Проф. д-р Горан Илиќ е избран за заменик-директор на меѓународниот уредувачки одбор на меѓународната едиција за право: „The New Challenges of Law in the XXI Century” како издание на повеќе високо-образовни установи од Европа и Латинска Америка. Меѓудругото, Проф. д-р Горан Илиќ е ангажиран како експерт на Институтот за глобална аналитика во Софија (Р. Бугарија), а воедно членува и во повеќе национални и меѓународни научни организации, учествува во работата на повеќе меѓународни научни списанија и научни конференции, а поседува и богато искуство со работа на повеќе меѓународни проекти и проекти поддржани од страна на Европската унија.