ПРВ ЦИКЛУС
Политички систем и право на ЕУ
Административна соработка меѓу Европските држави
Јавна и државна администрација
Регионална политика на ЕУ
ВТОР ЦИКЛУС
Јавно-админисративна соработка во Европа
Јавна и државна администрација
Регионална политика на ЕУ
ТРЕТ ЦИКЛУС
Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ
Историја на дипломатијата
Мултилатерална дипломатија
Јас сум роден на 01.10.1983 година во Скопје, Република Македонија. Основно образование завршив во основното училиште “Блаже Конески” во Прилеп. Потоа се запишав во прилепската гимназија “Мирче Ацев” каде што и матурирав со одличен успех (5,0). Во академската 2002/2003 година се запишав како студент во првата генерација на штотуку отворените Универзитетски интердисциплинарни студии за Јавна администрација при Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола, каде што во јуни 2006 година предвремено дипломирав како најдобар студент во генерацијата со просек од 9,84. Имам одлично познавање на англиски јазик, српски јазик, бугарски јазик, солидно познавање на француски јазик и шпански јазик, минимално познавање на италијански јазик, како и одлично познавање на компјутерските техники од Microsoft Office програмите (Word, Excel, Power Point,) Word Press, Corel Draw и Интернет.
За време на моето студирање бев еден од основачите на Сојузот на студенти при УИС за Јавна администрација – Битола и негов Претседател во период од две години (еден мандат).
Во академската 2006/2007 година бев ангажиран како Помлад асистент на Интердисциплинарните студии за Јавна администрација при Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола, по предметите: ЕУ – институции и политики, Дипломатија, Европска политика и одбрана, Уставно право и Политички систем. Од академската 2007/2008 година бев вработен како Помлад асистент на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи при Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола, по предметите: Службенички систем, Административни процедури, Европска интеграција, Вовед во право, Политички систем, Принципи на новиот јавен менаџмент, Управно – процесно право, ЕУ – институции и политики и Европска политика и одбрана.
Во академската 2006/2007 година се запишав на Последипломските студии за Јавна администрација при Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола, каде што ги положив сите испити со просек од 10,00 и предвремено магистрирав на 17.10.2008 година, на тема: „Процесот на интеграција на Република Македонија во Европската унија“, т.е. станав првиот магистер по јавна администрација на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола. Докторирав на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи -Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола, на 29.04.2011 година, на тема: „Влијанието на претпристапните инструменти на Европската Унија врз динамиката и квалитетот на прекуграничната соработка на Република Македонија“.
Во септември 2011 година бев избран за Доцент на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола, по предметите: Европска интеграција, Историја на Европа во 20 век, Регионална политика на Европска Унија, Менаџирање со структурни и кохезиони фондови на Европската Унија, Процес за стабилизација и асоцијација, Прекугранични програми на ЕУ и Меѓународни организации и интеграции во рамките на прв циклус студии на насоките Јавна администрација и Европски интеграции и менаџирање со Европски проекти. На втор циклус студии на насоката Јавни политики бев ангажиран по предметот ЕУ – политики и развој. Во рамките на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола бев член во Комисијата за издавачка дејност, а бев член и во Комисијата за прием на нови студенти на прв циклус студии. По извршената евалуација на ФАМИС во 2012 година, добив највисоки оценки од страна на студентите во поглед на неколку параметри (квалитетна и редовна реализација на настава, посветеност, практикување на интерактивни методи, мотивација на студентите, објективност и непристрасност во оценувањето, достапност и отвореност за консултации и соработка со студентите, предавање и испитување по соодветни предметни програми, итн.)
Во март 2013 година бев ангажиран по предметот Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, на Правен Факултет – Кичево при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, во рамките на вториот циклус студии, насока Меѓународно право, а во февруари 2014 година во рамките на истиот, бев ангажиран по предметот Јавни служби.
Во септември 2014 година, по затворањето на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола, бев префрлен на Правен Факултет – Кичево, при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола,
Во октомври 2014 година бев ангажиран на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, по предметите: Европска интеграција и Меѓународни организации и интеграции на прв циклус студии, а по предметите Надворешна политика и дипломатија и Меѓународни односи и дипломатија на втор циклус студии.
Моментално сум вработен како Вонреден Професор на Правен Факултет – Кичево, при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, каде што ги предавам предметите: Јавна и државна администрација, Регионална политика на ЕУ, Политички систем и право на ЕУ и Мултилатерална дипломатија на прв циклус студии, Регионална политика на ЕУ, Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Право на Европски организации и Меѓународни организации на втор циклус студии, а Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Историја на дипломатијата и Мултилатерална дипломатија, на трет циклус студии.
Со Решение број 1409-440/10 од 21.03.2019 година од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование акредитиран сум за ментор на трет циклус студии на насоката Меѓународно право и политика.
Координатор сум на програмата за меѓународна мобилност CEEPUS од 2017 година.
Член сум на Факултетската Комисија за внесување на трудови во репозиториумот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во базата E-prints од 2017 година.
На двапати бев член на Универзитетската Комисија за оценка на најдобар истражувачки труд изработен од студенти и еднаш во Комисијата за оценка на најдобар есеј изработен од студенти.
Имам членувано во неколку комисии за запишување на студенти на прв и втор циклус, во Комисијата за признавање на испити на студентите од други факултети, во Комисијата за самоевалуација, а членував и во Работната група за избработка на статутот при Правен Факултет – Кичево.
Координатор и член сум бил во неколку работни групи за изработка на елаборати за студиски програми на прв, втор и трет циклус на Правен Факултет – Кичево.
Член сум во Советот за докторски студии при Правен Факултет – Кичево, Универзитет „Св.Климент Охридски“ – Битола.
Бев и сум ментор на неколку дипломски, магистерски и докторски трудови и член во многу комисии за подобност, оценка и одбрана на дипломски и магистерски трудови, како и член во комисија за подобност на докторски труд.
Член сум на Друштвото за наука и уметност – Прилеп од 2008 година.
Ко – основач сум на Институтот за истражување и Европски студии (ИИЕС) – Битола, етаблиран во 2013 година.
Во Journal of Liberty and International Affairs (JLIA) сум Managing Editor од 2014 година.
Thematic Editor, како и член во Advisory Board во академскиот Journal Studia Europejskie (European Studies), од Варшава, Република Полска, од 5 јуни 2014 година.
Во текот на мојата академска кариера зедов учество на голем број на меѓународни и домашни научни конференции, семинари, работилници, форуми и реализирав неколку студиски престои:
- Семинар на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча, Република Албанија (2004 година);
- Работилница во хотелот „Средно водно“ – Скопје, Република Македонија (2004 година);
- Студентски форум во хотелот „Сириус“ – Струмица, Република Македонија (2004 година);
- Семинар во хотелот „Бисер“ – Струга, Република Македонија (2004 година);
- Студентски форум во хотелот „Монтана“ – Крушево, Република Македонија (2005 година);
- Научна конференција во хотелот „Шумски фенери“ – Битола, Република Македонија (2005 година);
- Двонеделен семинар на „Економскиот факултет“ во Скопје, Република Македонија, каде што добив сертификат за Политиките на Европската Унија (2006 година);
- Меѓународен научен собир – “Социо – културните аспекти на евроинтеграцијата” во хотелот “Салида петрол” – Прилеп, Република Македонија, во ноември 2008 година;
- Меѓународна научна конференција – “Europe and Balkans in crime”, одржана во Белград, Република Србија, во ноември 2008 година;
- Меѓународна научна конференција – “Freedom and democracy: European perceptions, European perspectives”, одржана во Копер, Република Словенија: во декември 2008;
- Меѓународна научна конференција – “Religion and politics in South-East Europe”, одржана во Познањ, Република Полска, во септември 2009;
- Студиски престој во Љубљана, Република Словенија, преку програмата на Европската Унија “Youth in Europe”, поврзана со реформи во легислативата за анти – дискриминација, во април 2010 година;
- Меѓународна Вишеградска летна школа, студиски престој, одржана во Краков, Република Полска, во јули 2010;
- Форум за прашањата на регионалната соработка и локалната администрација, со учество на голем број на меѓународни експерти, на тема: “Decentralization process and strengthening of the regional cooperation”, одржан во Скопје, во октомври 2010;
- Меѓународна научна конференција – 19th NISPAcee Annual Conference: “Public administration of the future”, одржана во мај 2011 година, во Варна, Република Бугарија.
- Меѓународна научна конференција – “Environment – Landscape – European Identity”, одржана во Букурешт, Романија, во ноември 2011 година;
- Меѓународна научна конференција – “After Communism. East and West Under Scrutiny”, одржана во Крајова, Романија, во март 2012 година;
- Меѓународна научна конференција – “International Conference and Human and Social Sciences”, одржана во Тирана, Република Албанија, во март 2012 година;
- Меѓународна научна конференција – 20th NISPAcee Annual Conference: “Public administration East and West: Twenty years of development”, одржана во мај 2012 година, во Охрид, Република Македонија;
- Меѓународна научна конференција – “Migration and labour market”, одржана во Крушево, Република Македонија, во октомври 2012 година;
- Меѓународна научна конференција – “Humour in conventional and unconventional politics”, одржана во Галати, Романија, во ноември 2012 година;
- Меѓународна научна конференција – The Balkans Dialogue: Conflict Resolution and EU Accession Politics in the Balkans and Turkey, одржана во Будимпешта, Унгарија, во февруари 2013 година;
- Од септември 2012 година до мај 2013 година партиципирав во Школата за Јавни политики „Мајка Тереза“, организирана од страна на Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) – Скопје, а поддржана од страна на Советот на Европа. Во ноември – декември 2013 година реализирав студиски престој во Стразбур, Република Франција, во Советот на Европа;
- Од 18 октомври до 18 ноември 2013 година престојував на Универзитетот во Варшава, Република Полска, на Факултетот за политички науки и новинарство, како Визитинг Професор, во зимскиот семестар од академската 2013/2014 година, преку програмата SIGMA, каде предавав на ERASMUS студенти од неколку европски држави (Германија, Литванија, Франција, Шпанија, Португалија, Украина, Словенија, Хрватска, Србија и Бугарија) по предметот: Western Balkans and European integration;
- Од 18-25 април 2015 година престојував на Универзитетот во Варшава, Република Полска, на Факултетот за политички науки и новинарство, преку програмата ERASMUS+, каде што имав предавања на тема: Инструментот за претпристапна помош од Европската Унија (ИПА) во државите од Западен Балкан, со посебен осврт на Република Македонија, на ERASMUS студенти, но и на студенти од Република Полска.
- На 21 октомври 2015 година зедов учество на Тркалезна маса на тема: „Како дебатираат пратениците во Собранието“, организирано од Институтот за демократија “Societas Civilis”, во хотел „Епинал“ – Битола.
- На 26 октомври 2015 година зедов учество на ЕУРАКСЕС МК Втор Семинар и Blue Tour Bus, одржан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, организиран од Euraxess – Researchers in Motion.
Во последните пет години, ОДНОСНО ПО ИЗБОРОТ ВО ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР, зедов учество на следните меѓународни и домашни научни конференции, семинари, летни школи, работилници и форуми, а реализирав и студиски престои:
- International Scientific Conference, International Balkan and Near Eastern Social Sciences Conference Series, Faculty of Economics – Prilep, October 2016, Prilep, Macedonia
- International Scientific Conference, 4th Smart Cities Conference, November 2016, Bucharest, Romania
- International Scientific Conference, Security Concepts and Policies – New Generation of Risks and Threats, Faculty of Security – Skopje, June 2017, Ohrid, Macedonia
- International Scientific Conference, Towards a Better Future: The Rule of Law, Democracy and Polycentric Development, Faculty of Law, University of “St. Kliment Ohridski” – Bitola, May 2018, Bitola, Macedonia
- Форум за јавни политики – „Перспективите од НАТО интеграцијата – Што ќе донесе пристапниот процес за Македонија и нејзините граѓани“ – Битола, 14 септември 2018 година
- International Scientific Conference Security, Political and Legal Challenges of the Modern World, Faculty of Law and Faculty of Security, University of “St. Kliment Ohridski” – Bitola, October 2018, Bitola, Macedonia
- International Scientific Conference, Towards a Better Future: Democracy, EU Integration and Criminal Justice, Faculty of Law, University of “St. Kliment Ohridski” – Bitola, May 2019, Bitola, (North) Macedonia
- Lecturer at the International Summer School “European Union at the Crossroads. New perspectives, current threats”, held in July 2019 in Brasov, Romania (in the framework of the CEEPUS Network – Ethics and Politics in European Context)
- International Scientific Conference, Good Governance and the Rule of Law in the Perspective of EU Integration, Faculty of Law and Faculty of Contemporary Social Sciences, SEEU Tetovo – Skopje Campus, September 2019, Skopje, (North) Macedonia
- International Scientific Conference, Towards a Better Future: Humam Rights, Organized Crime and Digital Society, Faculty of Law, University of “St. Kliment Ohridski” – Bitola, October 2020, Bitola, (North) Macedonia
ОБЈАВЕНИ НАУЧНИ И СТРУЧНИ ТРУДОВИ:
- Караџоски, М. „Систем на донесување на одлуки во Европската Унија и неговите импликации врз Република Македонија“, Списание на трудови на ДНУ, Друштво за наука и уметност – Прилеп, Македонија, 2006/2007 година;
- Караџоски, М. „Правда и внатрешни работи: релации Република Македонија – ЕУ“, Евродијалог – списание за европски прашања, Студентски збор, Скопје, Македонија, 2007 година;
- Караџоски, М. „Процесот на интеграција на Република Македонија во Европската унија“, магистерски труд, Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола при Универзитет “Св.Климент Охридски” – Битола, Македонија, 2008 година;
- Караџоски, М. „Воведувањето на граѓанскиот дневник како нов инструмент за реформа на јавната администрација во Република Македонија и подобрување на нејзината сервисна ориентација“, Годишник на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола, Македонија, број 1, 2008 година;
- Караџоски, М. „Уставната рамка на односите помеѓу Претседателот и Владата на Република Македонија – пречка или можност за кохабитација“, Списание на трудови на ДНУ – Друштво за наука и уметност – Прилеп, Македонија, 2008/2009 година;
- Караџоски, М. „Политиката на заштита на животната средина во Европската унија и активностите на Република Македонија во оваа област“, Списание на трудови на ДНУ – Друштво за наука и уметност – Прилеп, Македонија, 2008/2009 година;
- Karadzoski, M. “Dicrepancies between anti-corruption legislation and practice in Macedonia”, 10th Cross-border Crime Colloquium, 10th edition, Crime, money and criminal mobility in Europe, Wolf legal publishers, Nijmegen, Netherlands, 2009;
- Караџоски, В. и Караџоски, М. „Партиципација и вклученост на граѓанското општество во донесувањето и спроведувањето на одлуките, со посебен осврт на процесот на европска интеграција на Република Македонија“, меѓународно списание на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје и здружение Мариовско-мегленски средби, Скопје, Македонија, 2009 година;
- Караџоски, М. „Улогата и надлежностите на извршната власт во Република Македонија во процесот на нејзина интеграција во Европската унија“, Годишник на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола, број 2, Битола, Македонија, 2009 година;
- Даскаловски, Ж. и Караџоски, М. „Политиката за проширување на Европската унија – успешна приказна или чекор во празно“, Годишник на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола, број 2, Битола, Македонија, 2009 година;
- Bogdanoska – Jovanovska, M. and Karadzoski, M. “Public administration in the Republic of Macedonia – legal aspects, reforms, management processes”, Scientific Journal, Warsaw, Poland, 2010;
- Караџоски, М. „Перцепцијата на Европската унија во однос на Западниот Балкан: интегрален дел од Европа или европска црна точка?“, Научно списание на Универзитет „Св.Климент Охридски“ – Битола, Хоризонти, Година 6, број 6, Битола, Македонија, 2010 година;
- Karadzoski, V. and Karadzoski, M. “The confessional diversities: advantage or disadvantage for the integration of the Western Balkans in the European union”, Balcanica Posnaniensia, Acta et studia XVII, Wydawnictwo Poznanskie, Poznan, Poland, 2010;
- Karadzoski, M. and Siljanoska, J. “Eurocentrism and the obstacles for entrance of Western Balkans and Turkey in the European Union”, Scientific Journal – European Perspectives, Volume 3, Number 1, Ljubljana, Slovenia, 2011;
- Siljanoska, J., Karadzoski, M. and Marinovski, N. “The role of the integrated marketing communications in the promotion of Republic of Macedonia’s tourist offer on international market”, Shkodra University “Luigj Gurakuqi”, Economic Faculty, Shkodra, Albania, 2011;
- Караџоски, М. „Влијанието на претпристапните инструменти на Европската унија врз динамиката и квалитетот на прекуграничната соработка на Република Македонија“, докторска дисертација, Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола, Универзитет „Св.Климент Охридски“ – Битола, Македонија, 2011 година;
- Karadzoski, M. ”Fulfillment of the Madrid Criteria Through the Reforms of the Public Administrations of the Countries from the Western Balkans”, NISPA Cee – Slovakia, Conference Proceedings, Varna, Bulgaria, 2011.
- Karadzoski, M. ”European Education and Training Programs”, Sapienza University of Rome and Mediterranean Center of Social and Educational Research, Journal of Educational and Social Research, Special issue, Volume 2, Number 5, Rome, Italy 2012;
- Karadzoski, M. ”TWINNING Programs as an Adequate Model for Reforming and Recomposing of the Public Administrations in the Candidate and Potential Candidate Countries for Entrance in the European Union”, NISPA Cee – Slovakia, Conference Proceedings, Ohrid, Macedonia, 2012;
- Karadzoski, M. ”Democracy in the Countries of the Western Balkans: Nominal or Crucial Transformation of the Political Systems After the end of Communism”, University of Craiova, Faculty of Social Sciences, Revista de Stiinte Politice/Revue des Sciences Politiques, Number 33-34, Craiova, Romania, 2012;
- Караџоски, М. „Македонската прекугранична соработка: инструмент за добра регионална соработка и евро – интеграција“, Научно списание на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Година 8, Број 8, Битола, Македонија, 2012;
- Karadzoski, M. and Adamczyk, A. “Macedonia and Her Difficult Neighbours on the Path to the EU”, Yearbook of Polish European Studies, University of Warsaw, Centre for Europe, Volume 17, Warsaw, Poland, 2014;
- Karadzoski, M. “Identity and Statehood: Macedonia, 20 years of independence ”, Balkany w XXI wieku – Problemy konsolidacji i integracji, Uniwersytet Warszawski, Wydzial Dziennikarstwa i Nauk Politycznych, Instytut Europeistyki, Warszawa, Poland, 2014
- Karadzoski, M. and Adamczyk, A. “Macedonia’s Difficult Path to the European Union”, Bosnia and Herzegovina and the Western Balkans, Yearbook of the Institute of East – Central Europe, Volume 12, issue 3, Lublin, Poland, 2014;
- Karadzoski, M. “The High Level Accession Dialogue for Macedonia: Advantages and Disadvantages”, Published Online by the Institute for Research and European Studies at www.e-jlia.com, Journal of Liberty and International Affairs, Volume 1, Number 1, 2015;
- Karadzoski, M. and Adamczyk, A. “The Most Vital Problems of Macedonia in the Process of Integration with the European Union”, Studia Europejskie, University of Warsaw, Centre for Europe, Number 2 (74), Warsaw, Poland, 2015.
Во последните пет години, односно ПО ИЗБОРОТ ВО ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР ги објавив следните трудови:
- Karadzoski, M. and Dimeski, B. “European Union in the 21st century – a Supranational Entity or a Simple Amount of Plural Interests”, Conference Proceedings, International Scientific Conference – IBANESS Conference, December 2016
- Karadzoski, M. “Macedonian Party System and European integration process”, Studies in European Affairs (Studia Europejskie), University of Warsaw, Centre for Europe, Number 3 (79), Warsaw, Poland, December 2016; (индексиран во базата EBSCO)
- Karadzoski, M. and Dimeski, B. “The European Union after the biggest enlargement: a different angle of perception for the migration processes and policies”, Conference Proceedings, International Scientific Conference – Security concepts and policies – new generation of risks and threats, Faculty of Security, Volume II, Skopje, Macedonia, May 2017.
- Dimeski, B. and Karadzoski, M. “Ethical Behavior within the Public Cadaster in Macedonia: Is there a ‘light’ at the end of the ‘Tunnel’?”, HOLISTICA Journal, Volume 8, Issue 1, 2017; (индексиран во базата EBSCO)
- Dimeski, B., Patoska, A. and Karadzoski, M. “Јавниот менаџмент со јавниот отпад во локалните самоуправи: Базични искуства од САД“, International Journal for Science and Arts – IDEA, Skopje, 2017
- Karadzoski, M., Dimeski, B. and Karamandi,A. “European Ombudsman versus the Ombudsman in the Republic of Macedonia: jurisdiction, challenges, results”, International Scientific Journal HORIZONS, Series A Social and Humanities, Year XI, Volume 21, Bitola, December 2017; (индексиран во базата EBSCO)
- Karamandi, A., Dimeski, B. and Karadzoski, M., “The administrative capacity of municipalities of Bitola, Demir Hisar, Mogila and Novaci: a survey results”, International Scientific Journal HORIZONS, Series A Social and Humanities, Year XI, Volume 21, Bitola, December 2017; (индексиран во базата EBSCO)
- Karadzoski, M. and Dimeski, B. “Regional Policy of the European Union and its Potential Impact Towards the Regions on the Balkans”, Conference Proceedings at the International Scientific Conference, Towards a Better Future: The Rule of Law, Democracy and Polycentric Development, Faculty of Law, University of “St. Kliment Ohridski” – Bitola, Volume I, May 2018, Bitola, Macedonia
- Dimeski, B. and Karadzoski, M. “Public Administration and some key Socio-Economic Characteristics of the Regional Polycentric Development in The Republic of Macedonia”, Conference Proceedings at the International Scientific Conference, Towards a Better Future: The Rule of Law, Democracy and Polycentric Development, Faculty of Law, University of “St. Kliment Ohridski” – Bitola, Volume I, May 2018, Bitola, Macedonia
- Karadzoski, M. and Hadzi-Kosta Milevski, D. “Administrative Infrastructure of the Common Foreign and Security Policy of the European Union ”, Conference Proceedings at the International Scientific Conference Security, Political and Legal Challenges of the Modern World, Faculty of Law and Faculty of Security, University of “St. Kliment Ohridski” – Bitola, Volume I, October 2018, Bitola, Macedonia
- Karadzoski, M and Dimeski, B. “The Administrative ‘Input’ in the Process of the Macedonian Accession Towards the European Union”, Conference Proceedings at the International Scientific Conference, Towards a Better Future: Democracy, EU Integration and Criminal Justice, Faculty of Law, University of “St. Kliment Ohridski” – Bitola, Volume I, May 2019, Bitola, (North) Macedonia
- Dimeski, B and Karadzoski, M. “EU Support for Public Administration Reforms and Some Key Trends of Public Administration in Macedonia”, Conference Proceedings at the International Scientific Conference, Towards a Better Future: Democracy, EU Integration and Criminal Justice, Faculty of Law, University of “St. Kliment Ohridski” – Bitola, Volume I, May 2019, Bitola, (North) Macedonia
- Karadzoski, M., Ilik, G. and Adamczyk, A. “The Informative Component of the Macedonian Public Administration as an Immanent Part of the Euro-Integrative Process”, Published Online by the Institute for Research and Euцropean Studies at e-jlia.com, Journal of Liberty and International Affairs, Volume 5, Number 2, September 2019 (индексиран во базата EBSCO);
- Adamczyk, A. and Karadzoski, M. “A Challenge to Macedonia’s International Identity — Greek-Macedonian Naming Dispute”, Yearbook of the Institute of East-Central Europe, Volume 17 (2019), Issue 1, Lublin, Poland, 2019;
- Karadzoski, M. and Ilik, G. “Will the European Union Europeanise the Balkans to Avoid the Balkanisation of Europe”, Studies in European Affairs (Studia Europejskie), University of Warsaw, Centre for Europe, Number 4/2019, Warsaw, Poland, December 2019;
- Ilik, G., Karadzoski, M. and Ilik, N. “The European Union Vs. the BRICS: The Conflict of Values and The Challenges of Liberal Democracy in The New International Context ”, In Statu Nascendi – Journal Political Philosophy and International Relations, Vol.2, No.2, 2019
- Adamczyk, A. and Karadzoski, M. “A Challenge for the EU Enlargement Process in the Balkans — The Case of North Macedonia”, Reshaping the European Union Internally and Externally – a new Matrix (ed. by Latosczek, Maslon-Orac, Stolarczuk and Szczerba-Zawada), ELIPSA, Warsaw, 2019;
- Blazik, D. and Karadzoski, M., “The impact of the civil society on the creation of public policies in the countries – empirical analysis”, International Scientific Journal HORIZONS, Series A Social Sciences and Humanities, Year XIII, Volume 24, Bitola, February 2020; (индексиран во базата EBSCO)
- Karadzoski, M, Memeti, M and Dimeski, B. “Principle of Openness and Transparency as an Immanent Part of the European Administrative Space”, Good Governance and the Rule of Law in the Perspective of EU Integration – Book of the First International Scientific Conference on Social and Legal Sciences, South East European University, Faculty of contemporary Social Sciences & Faculty of Law, Skopje, 2020
- Dimeski, B., Memeti, M. and Karadzoski, M. “Quality Management in Public Sector Organizations and its Presence in North Macedonia”, Good Governance and the Rule of Law in the Perspective of EU Integration – Book of the First International Scientific Conference on Social and Legal Sciences, South East European University, Faculty of contemporary Social Sciences & Faculty of Law, Skopje, 2020
- Ristevska, A. and Karadzoski, M. “Обврските на купувачот во домашното право”, Институт за Човекови права, Списание „Правен Дијалог“, бр. 21, Скопје, јуни 2020
- Karadzoski, M, Dimeski, B and Ristevska, A. “Transparency of the Macedonian Public Administration as a Human Right”, Conference Proceedings at the International Scientific Conference, Towards a Better Future: Human rights, Organized Crime and Digital Society, Faculty of Law, University of “St. Kliment Ohridski” – Bitola, Volume I, November 2020, Bitola, (North) Macedonia
- Ristevska, A. and Karadzoski, M. “Corruption in administration”,Conference Proceedings at the International Scientific Conference, Towards a Better Future: Human rights, Organized Crime and Digital Society, Faculty of Law, University of “St. Kliment Ohridski” – Bitola, Volume I, November 2020, Bitola, (North) Macedonia
- Караџоски, М. „Јавно – административна соработка во Европа“, Основен учебник, Правен Факултет – Кичево, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, декември 2020 година
- Докмановиќ, М., Спасевски, Д., Караџоски, М., Митевски, М., Ристов, М. и Новеска, А. 2020. „Извештај од мониторингот за примената на Законот за заштита на укажувачите, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за постапување по претставки и предлози на 25 јавни институции во Северна Македонија“, Институт за стратешки истражувања и едукација, Скопје
Исто така, во текот на академската кариера зедов учество и во неколку научно – истражувачки проекти:
- Положбата и улогата на жената на село (2005 година), Институт за социолошки и политичко – правни истражувања – Скопје;
- Проблемот на премостувањето на малите бизниси и можностите за негово надминување низ синергирањето и тимската работа (2013 година), Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола;
- Развој и имплементација на информациски систем за менаџмент на знаење во ФАМИС (2013-2014 година), Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола;
- Промоција на Европските вредности преку делата на Балканските автори (2015 година), проект поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, реализиран од страна на ЈОУ „Борка Талески“ – Прилеп и Институт за истражување и европски студии – Битола;
Во последните пет години, односно ПО ИЗБОРОТ ВО ВОНРЕДЕН ПРОФЕСОР зедов учество во следните научно-истражувачки проекти:
- „Ќе има ли свиркачи на Универзитетите“ – Институт за стратешки истражувања и едукација – Скопје, Мрежа 23 – Скопје (2017 година);
- „ Академска мрежна поддршка на ЕУ политиката кон Западен Балкан со акцент на регионалната соработка инспирирана преку процесот на помирување – АНЕТРЕК (Academia Network Support of the EU Policy Towards Western Balkans with Accent on the Regional Cooperation Inspired through the Reconciliation Process – ANETREC) – Правен Факултет при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Факултет за безбедност при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, ИСКОМЕТ институт, Марибор, поддржан од Европска Унија (септември 2018 година – август 2021 година)
- „Универзитет без корупција“ – Институт за стратешки истражувања и едукација – Скопје, Американска амбасада – Скопје (2018 година);
- „Перспективите на младите од руралната средина за Европа“ – Интерактив – Здружение за меѓународна младинска соработка, Општина Могила (2018 година);
- „Поттикнување на граѓанскиот активизам за следење и известување на незаконито постапување на локалната самоуправа“ (Boosting Citizens’ Activism to Monitor and Report Unlawful Conduct of Local Administration) – Институт за стратешки истражувања и едукација – Скопје, Американска амбасада – Скопје (2020 година);
- „Чувар на правдата за потрошувачите“ (Watchdog of Consumer Justice) – Институт за стратешки истражувања и едукација – Скопје (2019-2021 година).
- „European Union values:theory, law and practice – From mainstream to pluralism?“, Institute of Justice, Warsaw, Poland, 2021