Menu Close

Реновирани просториите во факултетската зграда во Битола

На 01.10.2020 година, пред првиот академски час, на Правниот факултет (дисперзирани студии во Битола), ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, заедно со претставници од Ректоратот, како и деканот на Правниот факултет, вон. проф. д-р Горан Илиќ и дел од наставниот кадар на факултетот, извршија обиколка на реновираните простории на факултетот во Битола.
Благодарение на поддршката од УКЛО, за прв пат е изграден амфитеатар, кабинети и канцеларии за наставниците и асистентите и во периодот што следува ќе се врши комплетирање на опремата и потребните помагала за обезбедување на стандардни предуслови за студирање и севкупните работни и наставно – научни активности на Правниот факултет.