Првиот академски час на Правниот факултет (дисперзирани студии – Битола) се одржа на паркинг просторот пред факултетот, каде пригодно обраќање имаше деканот, вон. проф. д-р Горан Илиќ, кој на присутните студенти и наставен и административен кадар им посака успешна академска година, а на новите бруцоши им беа поделени индексите.
Почитувани студенти, професори, асистенти и административен кадар, пред нас е нова академска година која покрај секојдневните можности што ги носи, претставува и година во која пандемијата со новиот коронавирус носи уште поголеми предизвици. Иако оваа година, можеби клупите ќе останат празни, сепак нашата конекција ќе продолжи да постои преку новиот начин на спроведување на образовниот процес.
Ви посакуваме успешна академска 2020/2021 година.