Menu Close

Битола II циклус студии

СООПШТЕНИЈА:

СТУДЕНТСКИ КАЛЕНДАР ЗА  СЕПТЕМВРИСКА ИСИТНА СЕСИЈА
18.08.2020
Се известуваат студентите на Втор циклус студии на сите насоки дека пријавувањето на испити за септемвриската сесија ќе се одвива во деновите 24,25 и 26 август (он лине и со пријава )

Термините за полагање ќе бидат дополнително објавени со напомена дека сесијата ќе се одвива во периодот од 14 до 30 септември 
 

ПОВИК ЗА ОНЛАЈН КУРС ЗА АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ И СТУДЕНТИ НА ПРАВНИ СТУДИИ – ВОВЕД ВО ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
08.07.2020

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА НА РСМ И СОРАБОТКА СО СОВЕТ НА ЕВРОПА И ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ БИТОЛА

Адвокатската комора на Република Северна Македонија, во соработка со Советот на Европа-Европска програма за едукација за човекови права за правни професионалци (ХЕЛП) и Правниот факултет при Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, организира курс за адвокатски приправници и студенти на правни студии за вовед во Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) и Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Kурсот „Вовед во Европската конвенција за човекови права и Европскиот суд за човекови права“ е изготвен во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци, позната и како ХЕЛП Програма. Се работи за програма на Совет на Европа изготвена со методологијата на ХЕЛП, финансирана од ЕУ. ПОВЕЌЕ