Претставници од Општинската организација на Црвен крст беа денешни гости на Правниот факултет во Битола.
Студентите имаа можност да се запознаат со ВИЗИЈАТА и МИСИЈАТА на оваа организација и да ги добијат сите потребни информации околу нивното евентуално вклучување во големиот број на активности.
Правниот факултет и Црвен крст, Општинска организација-Битола и понатаму ќе продолжуваат да ја јакнат соработката со најава за идни активности во рамките на социјално-хуманитарната дејност.