Menu Close

Известување за начинот на одвивање на Наставата во Академската 2020/21

Почитувани студенти,

Наставно – научниот совет на Правен факултет – Кичево, на седницата одржана на ден 28.09.2020 година донесе Одлука за моделот на реализација на наставата на прв циклус студии во академската 2020/2021 година во вонредни услови, со која е предвидено следното:

1.Правен факултет – Кичево наставата на студиската програма Правни студии на прв циклус тригодишни студии во академската 2020/2021 година во вонредни услови, ќе ја реализира според моделот Настава за учење на далечина.  

2. Правен факултет – Кичево наставата на студиската програма Правни студии на прв циклус четиригодишни студии во академската 2020/2021 година во вонредни услови, ќе ја реализира според моделот Настава за учење на далечина.

3.Наставата на двете студиски програми на прв циклус студии, во согласност со распоредот на наставата, според моделот Настава за учење на далечина, ќе се реализира со примена на on line настава, која ќе се извршува со платформите кои може да се користат преку uklo.edu.mk доменот, со примена на алатките на Google како што се Google Classroom поврзано со Google Meet, Google Hangouts или други дигитални платформи по избор на наставниците.

4.Секој наставник ќе настојува да обезбеди најмалку еднаш во месецот  (за месеците Октомри 2020 година, Ноември 2020 година и Декември 2020 година) консултативни средби со студентите со физичко присуство со почитување  на важечките мерки и протоколи за спречување на ширење на Covid-19, донесени од Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

5.Полагањето на колоквиумите и испитите ќе се спроведува на хибриден начин со физичко присуство и полагање по електронски пат само по исклучок, согласно Стратегијата и Протоколот за on line полагање. Исклучоците за полагање по електронски пат се таксативно наведени во Одлуката за спроведување на полагање на колоквиуми и испити на прв, втор и трет циклус студии по редовен пат односно со физичко присуство на наставниците, соработниците и студентите во согласност со Распоредот за полагање на Правен факултет – Кичево и Студентскиот календар на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, бр. 02-248/1 од 29.05.2020 година.

6. Одбраните на дипломските работи на Правен факултет – Кичево ќе се спроведуваат со физичко присуство или по електронски пат (on line), за што ќе се договорат Комисијата за одбрана и студентот / кандидатот.