На 03.04.2019 година (среда) на Правниот факултет во Кичево се одржа предавање на тема „Безбедно на интернет“.
Предавањето пред учениците од Центарот за средно образование го одржаа Вонреден проф. д-р Светлана Вељановска и асс. м-р Пакиза Туфекџи.
Средношколците беа информирани за предизвиците кои ги нуди интернетот, опасностите и начините на заштита од нив.
Исто така, пред матурантите беше презентирана наставната програма за наредната академска година на Правниот факултет и опциите што им се нудат на идните студенти, доколку станат дел од правната фела.