Во рамките на студиската програма по предметот Криминалистика за студентите на вториот циклус, на 29.03.2019 година (петок), предавање одржаа припадници на Одделот за криминалистичка техника при СВР Битола. На предавањето за криминалистика регистрација и идентификација, на студентите, практично им беше прикажано како се предизвикуваат и подигаат отпечатоци од папиларни линии на различни видови површини.