Во рамките на Пролетниот информативен караван на Агенцијата за пошти “Поблиску до корисниците на поштенски услуги” заедно со Канцеларијата на Народниот правобранител на 28.03.2024 година на Правниот факултет во Кичево беше одржан настан на кој на студентите им беше презентирани делокругот на работа на Агенцијата, како и начините и механизмите за заштита на корисниците. Во рамките на настанот, деканката на Правниот факултет, проф. д-р Светлана Вељановска и директорот на Агенцијата за пошти, г-дин Сретен Миладиноски, потпишаа Меморандум за соработка.