На 02.10.2023 година во 12 часот со свечен прв академски час и поделба на индексите за бруцошите започна новата академска 2023/2024 година за студентите запишани Правниот факултет во Кичево.
На првиот академски час на студентите им се обрати Проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ и Деканката, проф. д-р Светлана Вељановска.
На сите бруцоши и другите наши студенти им посакуваме успешна академска година.
,,Ваша обврска ако можам така да кажам, а верувам дека ќе биде не само обврска туку и задоволство бидејќи самите сте одбрале да студирате право ќе биде да ги впивате како лакмусова хартија знаењата кои  нашите професори несебично ќе ги споделуваат со вас  и уште повеќе да го продлабочите со вашето искуство и изучување на науката која во следниот период треба да Ви биде  на прво место
Студентскиот  живот е еден од најважните периоди на созревањето на еден млад човек. Она што сега ќе го научите многу лесно ќе го ефектуирате во Вашето секојдневие односно во работните предизвици во кои ќе запловите после дипломирањето кај нас„– им порача Деканката Вељановска.