СООПШТЕНИЈА



Мастер клас ОБСЕ
11.04.2024
Ги известуваме студентите дека Мастеркласот на ОБСЕ ќе се одржи хибридно – со физичко присуство и онлајн на 16.04.2024 година (вторник) со почеток од 12 часот, во Салата за состаноци на УКЛО, која се наоѓа во зградата на Правен факултет ДС Битола (втор кат).
Мастеркласот ќе биде посветен на тема: „Корупција и финансирање на политичките партии и нивните изборни кампањи“; а предавачи ќе бидат Злата Ѓорѓевиќ – експерт за корупција и финансирање на политичките партии и нивните изборни кампањи во Србија
Билјана Ивановска – поранешен раководител на Антикорупциската комисија во нашата земја.
За оние што не се во можност да присуствуваат со физичко присуство на мастеркласот, во продолжение го имате линкот за online вклучување на настанот  https://osce-org.zoom.us/j/99060785787 (Meeting ID: 990 6078 5787; Passcode: 02847844)

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ – АПРИЛСКИ ИСПИТЕН РОК ВО АКАДЕМСКА 2023/2024 ГОДИНА
25.01.2024
Им се соопштува на студентите од трет циклус студии дека пријавувањето на испити за априлската вонредна испитна сесија ќе се реализира во периодот 02.04.2024 – 04.04.2024 година. Априлската вонредна испитна сесија ќе се реализира во периодот 15.04.2024 – 30.04.2024 година. Распоредот дополнително ќе биде објавен.


Заверката на семестар
04.03.2024
Им се соопштува на студентите од трет циклус студии дека заверката на семестарот ќе се реализира во периодот 11.03.2024 – 15.03.2024 година


ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ – ФЕВРУАРСКИ ИСПИТЕН РОК ВО АКАДЕМСКА 2023/2024 ГОДИНА
25.01.2024
Пријавување на испити за февруарски испитен рок за академската 2023/2024 година за студентите запишани на трет циклус студии ќе се одвива од 05 до 07.02.2024 година.
Полагањата ќе бидат од 19.02.2024 г. Распоредот за полагање дополнително ќе биде објавен


СООПШТЕНИЕ ЗА ОДБРА НА  ДОКТОРСКИ ТРУДОВИ
01.06.2020

Почитувани,Врз основа на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр.134/2020), Ве информираме дека се овозможува одбрана на дипломски работи и магистерски и докторски трудови со физичко присуство на студентите. За организација на одбрани.